За Нас

Дали сте љубители на патувања, забава, истражување на нови култури, создавање на нови пријателства и авантури ?

Оваа година се одлучивме да Ви понудиме една прекрасна авантура која ќе се реализира во еден од прекрасните приморски градови во Шпанија – Аликанте.

¡Vamos a Alicante!, е програма за летна школа за изучување на шпанскиот јазик, во прекрасниот Аликанте. Концептот на програмите на летната школа се организирани на начин на кој ќе Ви овозможат интензивно изучување на шпанскиот јазик а воедно и ќе Ви пружат незаборавно летување во Шпанија.

Оваа програма претставува соработка помеѓу јазичниот центар Френдс – Скопје и училиштето La Escuela de Español Juan Sebastián Elcano – Аликанте.

Реализацијата на програмите за летната школа ќе се одвиваат во месеците јули и август.

Пријавувањето за програмата е во тек.

Ве очекуваме !!!

Откриј го Аликанте

Медитеранската клима и гастрономија.

Аликанте е град кој се наоѓа во југоисточниот дел на Шпанија од страна на Средоземното море, кое му дава на регионот единствена убавина и топла клима во текот на целата година. Убавата клима дополнета со дружељубивоста и отвореноста на локалното население, го прави Аликанте идеално место за престој.

Аликанте е еден од најголемите универзитетски градови во Шпанија. Секоја година има повеќе од 30.000 домашни и странски студенти.

Медитеранската храна е еден од повредните културни елементи на овој регион. Паела, е еден од најважните симболи на Шпанија и потекнува од регионот Валенсија.

Повеќе

Контакт

  • Адреса: бул ВМРО 1/7-3, Скопје
  • Телефонски број: +389 78 374 419, +38971295260
  • Е-пошта: info@vamosalicante.mk
  • Работни денови: Понеделник – Петок

¡Vamos a Alicante!

Дали сте љубители на патувања, забава, истражување на нови култури, создавање на нови пријателства и авантури ?

Оваа година се одлучивме да Ви понудиме една прекрасна авантура која ќе се реализира во еден од прекрасните приморски градови во Шпанија – Аликанте.

Copyright © Vamos a Alicante | Adjustment by Codecordia

School Zone | Developed By Rara Theme. Powered by WordPress.